ЗА МАЛКУ ИЗБЕГНАТА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА?! Британските „тајфуни“ полетаа за да соборат руски стратешки бомбардери?! Драма над Шетланд

Пилотите ја завршија задачата, постапија според наредбата.

Британскиот министер за одбрана Џејмс Хепи денеска соопшти дека британските борбени авиони „Тајфун“ пресретнале два руски поморски патролни бомбардери во меѓународниот воздушен простор, северно од Шкотска, во северната област на мисијата на воздушната полиција на НАТО.

– Пилотите го активираа својот авион Тајфун за да пресретнат два руски бомбардери со долг дострел, следејќи ги додека минуваа северно од Шетландските острови, подготвени да се спротивстават на секоја потенцијална закана за територијата на Велика Британија – рече Хепи, пренесе Ројтерс  .

Претходно денеска руските власти објавија дека нивните стратешки бомбардери извршиле рутински летови над меѓународните води на Арктикот .