ЗА НИВ ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ – Оваа девојка ја запросила својата 25 години постара учителка: “Многумина мислат дека сме баба и внука а не љубовни партнери!“ (фото/видео)
Жена која се венчала со својата поранешна учителка откри дека поради разликата во годините (25 години), луѓето често мислат дека тие се како внука и баба, а не како љубовни партнери, пишува Daily Mail.
Моника Кечам (31 г.) е од Биг Рапидс, Мичиген, таа во 2004 година била миленичка на нејзината професорка по природни науки Мишел Фостер (56 г.).
16 години откако Моника дипломирала, таа решила да стапи во контакт со својата поранешена учителка преку социјалната мрежа Фејсбук.
Двете жени набрзо многу се зближиле, а по некое време пријателството преминало во љубовна врска. Иако тие самите не ја гледаат разликата во годините како проблем, другите луѓе често мислат дека Мишел е мајка или дури и баба на Моника.
И покрај разликата во години, двете жени имаат многу заедничко: и двете сакаат музика, кампување, активности на отворено и пиво.
„На почетокот оваа добра разлика најмногу ја загрижуваше Мишел, додека мене воопшто не ми беше грижа. Отсекогаш ме привлекувале постари луѓе. Ме привлекуваат стари души, па годините не ми беа проблем“, вели Моника, но сепак додава дека ја боли што некој мисли дека Мишел и е мајка или баба.
„Често ме прашуваат дали тоа е мојата мајка, па направив маица на која пишува: ‘Не, тоа не е мојата мајка!’. Се трудам да не размислувам за тоа, но таквото прашање ме боли. Зошто им е толку важно на луѓето ?“, раскажува таа во видео објавено на социјаната мрежа ТикТок.
Таа не разбира зошто луѓето воопшто мора да го постават тоа прашање, особено ако видат две жени како се бакнуваат во јавност.
„Научивме да не се грижиме за тоа, но ако сте виделе како се бакнуваме, како можете воопшто да прашате тавко нешто ?“, вели Моника.
„И уште една работа што постојано ме прашуваат е дали сум била заљубена во неа кога имав 13 години. Се разбира не! Таа ми беше учителка и тоа беше се“, објаснува таа.
Разликата во години беше поголем проблем за Мишел. Иако била многу среќна кога повторно се поврзале преку социјалната мрежа Фејсбук, била загрижена како тоа ќе влијае на нивната врска.
„Бев загрижена, но со текот на времето научив да го прифатам тоа. Ми стана јасно дека морам да донесам одлука за себе без разлика што мисли некој друг. Тогаш како да падна камен од моето срце. Откако го прифатив тоа, процветавме како пар. Сфатив дека луѓето можат да мислат што сакаат и дека јас морам да го правам тоа што треба за да бидам среќна. И многу сум среќна што покрај себе имам толку убава душа со која можам да го поминам остатокот од мојот живот“, вели Мишел.
„Отсекогаш сум сакала да се грижам за другите луѓе, а кога таа ме праша дали може да се грижи за мене, не можам ни да опишам колку добро се чувствував“, раскажува таа.
Моника решила да стапи во контакт со Мишел по тешка семејна ситуација. Таа пораснала во строго христијанско семејство, но се оддалечила од семејството кога тие откриле дека таа е лезбејка.
За тогаш 13-годишната Моника училиштето било вистинско прибежиште, па подоцна во животот решила да се врати кај учителката со која имала прекрасна врска.
Кога повторно се сретнале, отишле на ручек кој траел пет часа.
„Се зближивме и станавме пријатели. Можевме да зборуваме за се. И двете поминавме низ тежок период, па се чувствувавме добро во друштво на некој кој те разбира и со кој можеш да бидеш ранлив“, раскажува таа.
И двете жени ги прекинале пријателствата за да бидат заедно, а Мишел дури и се развела од тогашната сопруга.
Моника ја запросила Мишел во септември 2022 година. Оттогаш живеат заедно, а и двете имаат деца од претходните бракови. Тие планираат да се венчаат во јуни оваа година.
Иако постојано се напаѓани од интернет тролови и тврдат дека Мишел ја заведувала Моника додека била нејзин студент, тоа не може да биде подалеку од вистината. И покрај тоа што луѓето понекогаш погрешно гледаат на нивната врска, жените за тоа зборуваат јавно на социјалните мрежи.
Тие објаснуваат како – „многу е важно да се биде отворен за прашањата на заедницата на која многу и е потребен нејзиниот глас во јавноста“.
„Сакаме да бидеме оние каде што луѓето во слична ситуација ќе најдат утеха и поддршка. Сакаме на сите да им покажеме што е љубов. Не напаѓаат поради разликата во години и тоа не можеме да го разбереме. Но, ако тоа не ни пречи, зошто да им пречи на другите ? Љубовта е љубов и можеме да сакаме кого сакаме“, велат тие.