За Новак Ѓоковиќ златен рекет кој тежи осум килограми (ФОТО)

Рекетот на Новак Ѓоковиќ конечно стана златен. Но, буквално. Австриската компанија за производство на спортска опрема „Хед“ на најдобриот светски тенисер му подари златен рекет тежок осум килограми. Рекетот му беше врачен на Новак во присуство на неговото семејство, сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара, пред да полета со нив на Азорските Острови за да се одмори од големиот триумф во Париз.

Инаку, во Париз Ѓоковиќ го освои 23-тиот Грен слем, нов рекорд во машкиот тенис. Новак Ѓоковиќ сега се изедначи со Серена Вилијамс за најмногу титули и во машката и во женската Опен ера. Новак исто така се врати на број 1, зголемувајќи го својот рекорд на сите времиња за најмалку две недели“, напиша „Хед“ на Инстаграм.