Македонија ја чека полн Олд Трафорд – сите билети распродадени

Македонија во понеделник ѝ гостува на Англија во квалификациски меч за ЕП 2024, мечот се игра на Олд Трафорд во Манчестер, а билети веќе нема.

Македонските фудбалери ќе играат пред 74.300 гледачи на Олд Трафорд, ФА информираше дека сите билети кои биле пуштени во продажба се продадени.

Англиската публика важи за една од најверните кога репрезентацијата е во прашање, па без разлика на противникот стадионот е исполнет.

Ова ќе биде трето гостување на Македонија кај Англија, вторпат ќе играме во Манчестер, првиот пат одигравме 0-0, претходно во Саутемптон ремизиравме со резултат 2-2.