Германскиот канцелар, Олаф Шолц, тврди дека Русија предизвикала пораст на цените на гасот во Европа во 2022 година, откако претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го прекинал снабдувањето.
„Цените на енергијата пораснаа насекаде“, посочи Олаф Шолц, говорејќи на Конгресот на Социјалдемократската партија на Германија за последиците од војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.
Олаф Шолц тврди дека токму претседателот на Русија, Владимир Путин, ја запрел испораката на гас преку постоечкиот гасовод.
„Вкупно во Европа недостасуваа 120 милијарди кубни метри гас“, вели Олаф Шолц и заклучува дека тоа има последици по цените.