СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ РОМАНИЈА – Засега нема информации за жртви и материјална штета

Силен земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија, соопшти EMSC.

Земјотресот се случил нешто по 17:00 часот, а епицентарот бил во близина на градот Нехоју.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 136 километри, а засега нема информации за жртви и материјална штета.