– Во периодот од 2017 до 2022 кинеските судови процесуирале 8,3 милиони луѓе, што е зголемување за 12 отсто во однос на претходниот период. Исто така, за речиси 20 проценти е зголемен и бројот на жалби на судски пресуди.
Директорот на Кинеското врховно народно обвинителство во заминување, Џанг Јун истакна дека гонењето за насилни злосторства е намалено за 31,7 отсто, додека гонењето за онлајн злосторства како што се коцкање, измама и ширење непристојни материјали се зголемени за 43,3 проценти.
Во претходниот извештај е нагласено дека имало 1.400 обвиненија за прекршоци за националната безбедност меѓу 2018 и 2022 година, но тоа не било споменато во официјалниот извештај.