За последниот танц на Јирген Клоп на “Енфилд“ ќе треба да платите цело богатство за да бидете на трибините: Погледнете ги цените на билетите за 19. мај
Јирген Клоп ги шокираше навивачите на Ливерпул и целата фудбалска јавност со објавата дека ги напушта „Црвените“ на крајот од оваа сезона. Германецот на тој начин ќе ја заврши својата речиси деветгодишна авантура во Ливерпул, клубот со кој ги освои сите можни трофеи и остави неизбришлива трага.
Јирген Клоп го презеде англискиот тим во тешко време, кога клубот полека го губеше престижот што го стекна низ историјата. По неговото пристигнување, тој најави долгорочен проект, ветувајќи им на навивачите бројни успеси во иднина. Тој само побара трпение, а на крајот се исплатеше кога во 2020 година му го донесе на клубот првиот трофеј англиски шампион по 30 години чекање.
Поради големите подвизи, како и неговата неопислива харизма, Јирген Клоп израсна во срцата на навивачите на Ливерпул, а навивачите со еден потег ја докажаа љубовта кон славниот тренер.
Имено, по најавата за неговото заминување, цените на билетите за последниот натпревар на Јирген Клоп на „Енфилд“, на 19. мај против Вулверхемптон, вртоглаво пораснаа. Најевтините билети почнуваат околу илјада фунти, а најскапите достигнуваат астрономски шест илјади фунти. Цените на билетите за преостанатите натпревари на „Црвените“ до крајот на сезоната се неколкукратно зголемени, а само избрана публика ќе има можност да ги види прошталните натпревари на легендарниот тренер на Ливерпул.