ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА – Албанката Дрита Зири крунисана за “Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам

Албанката Дрита Зири синоќа е крунисана за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам, со што влегува во историјата како првата Албанка која ја освоила оваа титула, а воедно и прва на волку голем меѓународен натпревар, објавија албанските медиуми.

Дрита Зири победи во конкуренција од 84 натпреварувачки на овој избор кој е еден од четирите најзначајните меѓународни натпревари во светот заедно со Мис Универзум, Мис на светот и Мис Интернационал.

18-годишната манекенка од Фуш-Круја не е непозната за јавноста. Таа беше крунисана за ‘Мис Албанија 2022‘ и учествуваше на ‘Мис глобал 2022‘, каде ја доби втората награда и ја освои наградата ‘Мис бикини“, наведуваат медиумите.

Круната и ја предаде јужнокорејката Мина Сју Чои, која ја носи титулата „Miss Earth 2022“.