ДАЛИ ОВА Е КРАЈ НА КОАЛИЦИЈАТА “СЕМАФОР“ !? Студен туш за Олаф Шолц: Драстично паѓа рејтингот на германскиот канцелар и неговиот тим

Коалицијата „Семафор“ заврши !? Тешко е на друг начин да се опише моменталното мислење на граѓаните за актуелната сојузна Влада на Германија, пишуваат угледните германски медиуми.

Само четвртина од анкетираните ја оцениле работата на германската Влада како „прилично добра“ или „многу добра“, околу 70 проценти дале негативен глас (39 проценти „прилично лошо“, 32 проценти „многу лошо“), пишува Der Spiegel.

Во декември, германскиот канцелар Олаф Шолц падна најмногу во рејтингот на германските политичари.

Според рангирањето, канцеларот загуби 14 процентни поени и се „лизна“ во втората половина на листата (14. место) од 20 политичари.

Дополнително, кај претставниците на владејачката коалиција е намален степенот на поддршка за министерката за надворешни работи Аналена Бурбок и министерката за внатрешни работи Ненси Фезер од редовите на партијата на Олаф Шолц.

Во исто време, рејтингот на министерот за одбрана Борис Писториус не се промени: тој го задржа второто место по сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Франк-Валтер Штајнмаер

Министерството за финансии на Германија во ноември го замрзна буџетот за дополнителни државни трошоци до крајот на годината. Оваа мерка ги погоди речиси сите буџетски распределби на различни ресори.

Кон средината на декември завршија владините седници посветени на решавање на буџетската криза со одлука за намалување на буџетот за следната година за 17 милијарди евра, потсетува Der Spiegel.