ЗА ПРВ ПАТ ВО АМЕРИКАНСКАТА ИСТОРИЈА: Поради една одлука судењето на Трамп и официјално ќе се емитува во живо!

Судењето на Доналд Трамп ќе се емитува на Јутјуб.

Сите судски постапки во случајот против Доналд Трамп ќе се пренесуваат во живо на телевизија , објави судијата Скот Мекафи.

Тој додаде дека ќе биде направен преседан , кој претходно го воведе неговиот колега Роберт МекБурни, бидејќи сите рочишта ќе бидат емитувани на каналот на судот Јутјуб , пишуваат медиумите.

На медиумските екипи ќе им биде дозволено да користат компјутери и мобилни телефони во судницата, но не и за снимање.

Трамп овој месец беше обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фултон за наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

Поранешниот претседател се изјасни за невин и тврди дека процесот бил политички мотивиран.