ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ИМА БИТКА ВО ВСЕЛЕНАТА: Погодена ракета на 100 километри над површината на Земјата
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните системи ја следеле траекторијата на ракетата и ја пресретнале.
За прв пат во историјата имало битка во вселената, пишуваат медиумите.
Минатиот вторник беше објавено дека израелскиот систем за противракетна одбрана „Ароу“ за првпат собори балистичка ракета, во случајов истрелана кон Израел од јеменските Хути, пишува „Џерусалим пост“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните системи ја следеле траекторијата на ракетата и ја пресретнале „во најсоодветното оперативно време и локација“.
Како што пренесува британски „Телеграф“, проектилот бил пресретнат надвор од атмосферата на Земјата, односно во вселената .
Ракетата прелета речиси 1.600 километри пред системот за противракетна одбрана да го собори. Има малку детали за инцидентот, но The Telegraph пишува дека ракетата била погодена над официјалната граница на вселената, позната како Карман линија, која е 100 километри над површината на Земјата.
חיל האוויר חושף: יירוט טיל קרקע-קרקע ע”י מערכת ההגנה של טיל “חץ” pic.twitter.com/DDUGsPy4gq
— מעריב אונליין (@MaarivOnline) November 2, 2023
Оваа операција беше трета во која цел беше Израел и ќе има повеќе, изјави портпаролот на армијата на Хута, Јахја Сари во телевизиска изјава. Тој рече дека нападите ќе продолжат додека не престане „агресијата на Израел“, мислејќи на војната против Хамас во Појасот Газа.
По првичното предупредување за можен „упад на непријателски авион“, кој ги принуди жителите на туристичкото одморалиште Еилат да побегнат во засолниште минатиот вторник, израелската војска соопшти дека нејзините „системи идентификувале воздушна цел која се приближува до израелска територија“.
Системот „Arrow“ го разви компанијата „Israel Aerospace Industries“ во соработка со израелските и американските одбранбени институции и се смета за една од најнапредните технологии за одбрана од балистички ракети во светот.
Беше објавено дека ова е првата ракета од Хуту која стигнала до израелска територија.
Израелскиот систем за противвоздушна одбрана Arrow, исто така, пресретна ракета со долг дострел на Хамас над пустината Негев во саботата навечер.