За прв пат жителите на Гренланд не го поместуваат часовникот назад: Нема повеќе зимско сметање на времето
Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.
Жителите на Гренланд за прв пат вечерва нема да го поместат часовникот назад и да се префрлат на зимско сметање на времето .
Владата на Гренланд одлучи во ноември 2022 година да го укине летното и зимското сметање на времето на островот, објави данската новинска агенција Рикау.
Овој остров официјално е дел од Кралството Данска, но во пракса генерално има висок степен на самоуправа.
Наместо да ги вратат стрелките на часовникот, гренландските власти одлучија трајно да останат во временската зона UTC/GMT-2.
Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.
Сепак, на Гренланд наместо претходните четири часа ќе биде три часа помалку од Данска.