За прв пат жителите на Гренланд не го поместуваат часовникот назад: Нема повеќе зимско сметање на времето

Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.

Жителите на Гренланд за прв пат вечерва нема да го поместат часовникот назад и да се префрлат на  зимско сметање на времето .

Владата на Гренланд одлучи во ноември 2022 година да го укине летното и зимското сметање на времето на островот, објави данската новинска агенција Рикау.

Овој остров официјално е дел од Кралството Данска, но во пракса генерално има висок степен на самоуправа.

Наместо да ги вратат стрелките на часовникот, гренландските власти одлучија трајно да останат во временската зона UTC/GMT-2.

Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.

Сепак, на Гренланд наместо претходните четири часа ќе биде три часа помалку од Данска.