За скопјанката Андријана Петрушовска, Саша Поповиќ направи исклучок од правилата на шоуто: Пејачката прави „хаос“ во Гранд, а ништо помалку жестока и секси не е ниту на приватните настапи

За тековната сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ направи преседан по однос на правилата, а се’ тоа само за атрактивната скопјанка Андријана Петрушовска.

Долгокосата убавица иако беше финалистка минатата сезона, сега е единтвената која има шанса повторно да се натпреварува.

Секое нејзино претставување веќе е очекувано поласкано, па дури и повеќе од претходно, а Андријана само дополнително собира поени како кај жирито, така и кај публиката.

Младата скопјанка веќе добро уиграна во шоубизнисот, а паралелно со подигањето на актуелноста преку шоуто, таа не остава простор за пауза и мирување пре публиката.

Бог бил дарежлив и за глас и за стас, а таа многу добро знае каде и на што треба да работи за да биде во фокус.

Петрушоска е незапирлива, па редовно има полна агенда со настапи низ земјава. Викенд „стори“ објавите редовно и се набиени, а густо е и се бара резервација плус за да ја слушнат и видат секси Андријана.

Таа вешта во се’, мерак за уши, ама и за очи.

Сцената бара сексапил, тоа продава во денешно време, а особено кога пејачката е така природно згодна и надарена.

Жестока и секси на сцена, но исто и на Инстаграм каде редовно чести со жешки стајлинзи, провокативни пози и заводлив поглед.

Рамнонодушни речиси и да нема, особенио за коментар во кој стојат само пофалби, а и валкани мисли од бујната фантазија.

Петрушовска е целосен пакет кој Саша Поповиќ добро знае зошто го бара пак.