– На 15 јуни во крајбрежните и планинските туристички области во Албанија ќе бидат отворени 30 летни здравствени амбуланти, објави албанскиот премиер Еди Рама, кој сподели и мапа на градовите каде ќе се наоѓаат овие амбуланти.
– Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. Од Тети до Ксамил, 30-те летни здравствени амбуланти ќе нудат стандардни и професионални услуги за годишноодморците од југ до север, напиша Рама на Фејсбук.
Медицинскиот персонал гарантира 24/7 здравствена заштита. Амбулантите ќе функционираат до крајот на сезоната.
Минатата година, земјата забележа рекордна посетененот од 7,5 милиони туристи, додека во првите четири месеци од годинава околу 1,7 милиони туристи.