Шок во Истанбул: По финалето, исчезна таткото на помошникот на Гвардиола! Му се губи секоја трага на стадионот! (фото)

Енцо Мареска, помошникот на Пеп Гвардиола, по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите доби застрашувачка вест – неговиот татко исчезна!

Таткото на Мареска дошол во Истанбул да му даде поддршка на синот и неговиот тим во големото финале, но по натпреварот му се губи секаква трага.

Како што јавуваат странските медиуми, исчезнувањето било пријавено во полиција, која веднаш започнала потрага.

Несреќниот Мареска најголемиот успех во кариерата не го прослави со играчите и колегите од стручниот штаб, туку цела ноќ разговараше со семејството и полицијата.

Последниве денови многу се зборуваше за Мареска, бидејќи сакаат да го ангажираат во Селтик и Лестер. Понуди, трофеи… сето тоа сега му е сосема неважно. Единствено што сака во овој момент е татко му да се врати жив и здрав.