ЗА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА СИ ЏИНПИНГ !? Нешто се ‘крчка’ околу Тајван: За само еден ден забележани 68 кинески борбени авиони и 10 воени бродови во близина на островот

Тајван денес објави дека Кина подигнала 68 воени авиони и распоредила десет воени бродови во близина на островот за неколку часа.

Забележани се 68 авиони на Народно-Ослободителната Армија и десет бродови на кинеската морнарица“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Тајван.

За потсетување, државата-остров Кина ја смета за дел од својата територија, додека поголем дел од светот веќе ја призна независноста на Тајван како суверена и самостојна земја.

Тајван

Властите во Тајпеј вчера соопштија дека за само неколку часа биле забележани 35 воени авиони, од кои некои се упатиле кон западниот дел на Пацификот за да му се придружат на кинескиот носач на авиони „Шандонг“ како дел од заедничката поморска и воздушна вежба.

Во текот на викендот, американски и канадски воени бродови поминаа низ тајванскиот теснец.

Тајван

На почетокот на неделата Кина испрати поморска формација предводена од носачот „Шандонг“ на југоисток од Тајван.