ЗБОРУВААТ ДЕКА ЖИВЕЕ ВО ИЗНАЈМЕН СТАН И ПАТУВА КАКО ОБИЧЕН СВЕТ: Еве како изгледа Ангела Меркел кога ќе се соблече во костим за капење (ФОТО)

Таа е една од најмоќните жени на планетата која сме навикнати да ја гледаме само во деловни одела и на службена должност. Но, што се случува кога папараците ќе ја фатат на плажа? Па, знаете, светска ексклузива!

Ангела Меркел (68), која Германците до неодамна ја нарекуваа „мама“, а остатокот од светот „европска кралица“, секогаш сме навикнати да ја гледаме во едноставни модни комбинации кои доликуваат на жена на нејзина возраст и титулата што ја имала до пред нешто повеќе од половина година – германската канцеларка.

Но, и таква висока дама има право на одмор. Така, пред неколку години беше фотографирана на плажа – и тоа во костим за капење. Имаше многу ретки прилики кога ја гледавме во нешто полежерно, а камоли во костим за капење, па фотографиите од првата жена од Германија ја обиколија планетата со брзина на светлината.

Нејзиниот сопруг, Јоаким Зауер, е професор на Универзитетот во Берлин. Не сака публицитет и не се појави ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Сака опера и пешачење, а зема евтини летови дури и кога му дозволија да патува со Анџела со службени авиони. Поради неговиот интерес за операта, како и непојавувањето на многу јавни места со сопругата, Германците го нарекуваат „Фантомот од операта“.

Се зборува дека живеат под кирија, а времето најчесто го поминуваат во читање или готвење.

Ангела Меркел ја напушти политиката на 8 декември 2021 година.

Во галеријата подолу погледнете како изгледа поранешната канцеларка во костим за капење и како патува: