ЗБОРУВАЛЕ ДЕКА Е НАЈГРДАТА ПРИНЦЕЗА: Кога се омажила за банкар убав како АПОЛОН, сите ги замолчила

Братучетка на кралот Филип, принцезата Марија, се најде во центарот на вниманието во моментот кога се одржа нејзината венчавка. Тогаш го добила ужасно понижувачкиот епитет „најгрдата принцеза досега“.

Кога принцезата Марија Лаура од Белгија се омажи за Вилијам Ајви, немаше некој кој не рече „ како „улови“ таков тип? “

Вистина е дека парот се забавувал долги години, а пред свадбата веќе долго време живееле заедно.

Се шпекулира дека белгиската принцеза е „најгрдата од сите “, но оние што ја познаваат велат дека нема поубава душа на овој свет.

Слатка, нежна и префинета, Марија е принцеза која го вложила целиот свој живот во вистинските работи – а тоа е образованието. Кога го запознала Вилијам Ајви, знаела дека ја нашла својата сродна душа.

Меѓутоа, кога сакала да се омажи за него, морала да побара дозвола да се омажи од нејзиниот вујко, кралот Филип.

Дедото на принцезата Марија е белгискиот крал Алберт Втори, кој абдицирал во 2013 година, додека нејзиниот вујко станал крал, а Марија деветта во редот за тронот.

белгиска принцеза

Принцезата Марија се смета за вреден член на кралското семејство. Таа работи и се издржува, па не добива пари од кралот, но и никогаш не одбива ниту една кралска должност.

Пред една година се омажи за љубовта на својот живот, а сите светски медиуми објавија бајковити фотографии од нивната венчавка.