Германскиот тенисер Александар Зверев е пресреќен поради пласманот во финалето на Грен слемот во Париз.
Во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција, светскиот рекет број 4 го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 (2:6, 6:2, 6:4, 6:2).
-Не можам да ги опишам моите чувства. Неверојатно сум среќен. Имам многу историја на овој терен, со мои најдобри и најлоши спомени. Многу ми е мило што конечно се пласирав во финалето. Во недела ќе дадам се од себе. Во полуфиналето морав да играм што е можно поагресивно – видовте колку брзо помина првиот сет кога не го направив тоа. Каспер е премногу добар играч за само да чека и да не ја покажува својата игра, изјави Зверев по натпреварот.
Во финалето на Ролан Гарос, Зверев ќе игра против 21-годишниот Шпанец Карлос Алкараз, кој претходно во пет сета го победи светскиот рекет број два Јаник Синер (2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3).