Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

 За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните.

Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за два метра понизок од просекот за март. Пониско од просечното и тоа за 29 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,39 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во земјава и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Најголемо зголемување од 19 сантиметри во споредба со вчера има водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце, но истата река има и најголемо намалување на нивото од шест сантиметри на мерното место кај Демир Капија.