Необјавени детали за крвавиот погод на монструмот Нермин: Откако ја убил Низама и останатите, направил бизарна работа! (фото)

Откако го завршил својот крвав поход, убивајќи ги Низама Хеќимовиќ, Џенгиз и Денис Ондер, ранувајќи ги Хариса Ондер, Недим Памуковиќ и еден полицаец, Нермин Сулејмановиќ возел до бензинската пумпа во БМВ-то на Џенгиз и наполнил полн резервоар гориво.

– Кога наполнил гориво, преку затворената врата влегол во просторот на бензинската пумпа, па ја скршил и зел литар вода. После тоа се упатил кон фармата во Леденица Доња – изјави очевидец.

Сè уште не е познато дали се подготвувал да продолжи со крвавиот поход, па му требало гориво или сакал да избега но, со брзата реакција на полицијата тој бил опколен, по што си пукал во глава.

Како што дознава „Аваз“, работникот кој работел на пумпата се ,,скаменил“.

– Човек да умре од страв. Тој не зборуваше. Секако дека нема, можете само да замислите како изгледаше Сулејмановиќ откако уби толку луѓе – вели сведок од улицата Хаџифендија во центарот на Градачац, каде во петокот владееше опсада.