„Згужвана пита“, идеална за појадок, ужина, предјадење…

Питата во друга форма е секогаш добредојдена

Уметноста наречена пита е секогаш вистинското решение за појадок, предјадење, ужина… Љубителите на тесто за пита никогаш немаат премногу и секогаш сакаат да научат некој нов рецепт .

Уметноста на нови вкусови со малку кора и неколку состојки секогаш инспирира, а ние ви претставуваме уште еден, многу едноставен начин да го направите ова јадење.

Состојки:

  • 500 гр кора за пита
  • 5 јајца
  • 1/2 л јогурт
  • 150 мл масло
  • 1 прашок за пециво
  • чаша ситно сирење
  • сол

Подготовка: 

Свиткајте ги корите како лепеза или хармоника и наредете ги една до друга.

Се матат јајцата, па се додава јогуртот, маслото, прашокот за пециво, солта и сирењето.

Сè измешајте, а добиениот фил полека прелијте го врз корите.

Корите премачкајте ги со вилушка создавајќи ситни празнини за убаво да се распореди филот и да влезе во секој дел.

Посипете со сусам и печете во рерна загреана на 250 степени околу 30 минути.

Исечете го на коцки или триаголници и послужете го со јогурт и кисело млеко.