Здравко Мамиќ и Херцеговка Јелена повеќе не ја кријат љубовта, еве како го поминуваат слободното време

Здравко Мамиќ (63) и неговата 30 години помлада девојка Јелена Планиниќ од Херцеговина веќе не ја кријат својата љубов ниту на социјалните мрежи.

Јелена ги објави нивните први заеднички фотографии на Инстаграм.

На фотографијата , Здравко и Јелена опуштено позираа во природа. Под фотографијата многумина ги пофалија во коментарите.

„Една од најубавите жени што ги познавам“, „Сите ја коментираат Јелена, но никој не го фали типот покрај неа. Здравко никогаш не изгледал подобро и посреќно“, „Јеле, убава си, блескаш“, „Среќен“ , се дел од коментарите.

Ова не е прва фотографија која Јелена ја објавува. На фотографијата објавена минатиот месец Јелена и Здравко позираат во свечена облека.

Двојката може да се види секој ден во Мостар, каде што купиле стан кој моментално го украсуваат за заеднички живот. Јелена наводно зад себе има брак кој завршил поради љубовна врска со Здравко, а се започнало пред три години, кога таа наводно била секретарка на Мамиќ.