ВИДЕО | Моторот на јапонската вселенска ракета експлодира при тестирање

На полигонот на Јапонската агенција за воздушно истражување, вселенски ракетен мотор денеска експлодира за време на тестирањеот, јавија британските медиуми, кои додаваат дека во несреќата нема повредени.

„Експлозијата се случи една минута по почетокот на тестот“, изјави неименуван претставник на јапонското Министерство за образование, наука и технологија.

На телевизиските снимки се гледа како пламенот избива во објектот за тестирање и потоа како пожар ја зафаќа малата зграда.