Бројот на стогодишници во Италија е поголем од кога било

Зголемениот број на стари лица е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Италија.

Бројот на луѓе постари од 100 години во Италија минатата година достигна нов рекорд, објави државниот завод за статистика, додека просечната возраст на населението во земјата расте побрзо отколку во другите членки на Европската унија.

Во својот годишен извештај, Istat наведува дека уделот на населението постари од 100 години е тројно зголемен од почетокот на векот и изнесува речиси 22.000 луѓе во јануари оваа година, а тоа се главно жени, пренесува Reuters.

Бројот на родени деца, пак, се намали на 393.000 во 2022 година, што е најниско ниво од обединувањето на Италија, пред повеќе од 150 години.

Населението во земјата рапидно се намалува од 2014 година, а зголемениот број на стари лица е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Италија.

Просечната возраст во земјата се зголеми на 46,4 години, додека од почетокот на 2020 година до 2023 година беше 45,7 години, истакна ИСТАТ.

Статистичкиот институт очекува бројот на жители над 80 години да се зголеми до 35 отсто во споредба со 2021 година и да надмине шест милиони во 2041 година.