ВИДЕО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ – Патник ставил тајна камера на куферот и снимил што всушност се случува со вашиот багаж на пат од аеродромот до авионот

Креаторот на содржина на социјалната мрежа Тик Ток и чест патник Томас Милер, кој живее во Велика Британија, открива што всушност се случува со вашиот багаж откако ќе го предадете на обезбедувањето на аеродромот пред самиот лет.

Видеото што тој го објави на социјалната мрежа Тик Ток стана апсолутен хит со повеќе од 16,1 милиони прегледи, а Томас Милер го снимил откако ја ставил камерата на куферот и пред да се пријави на аеродромот за лет.

Гледачите на видеото можеле да видат како неговиот куфер поминува низ подвижната лента, се врти неколку пати и потоа поминува покрај член на екипажот. Конечно, куферот се става до другите багажи и е подготвен да се качи во авионот и да пристигне до дестинацијата.

Daliy Mail пишува дека повеќе од 100.000 куфери секојдневно минуваат низ аеродромите.

Alternative Airlines, онлајн-страница која им помага на патниците да резервираат летови од каде било во светот, ја потврди точноста на видео-снимката на момчето со детали за тоа што се случува откако ќе го оставете вашиот багаж на аеродромот.

По пријавувањето, вашиот куфер се става на подвижната лента. Во зависност од аеродромот од кој поаѓате, тој потоа ќе пристигне во канцеларијата за сортирање, каде што роботите или персоналот ќе ги организираат куферите во соодветниот авион. За време на патувањето, вашиот багаж ќе биде прегледан и на безбедносен контролен пункт, слично на процесот кога вашиот рачен багаж се скенира со рендген апарат за да се утврди дали има сомнителни предмети внатре“, објаснува онлајн-страницата.

Багажот потоа се преместува во авионот, а задачата на агентите на рампата на аеродромот е да се погрижат вашиот багаж да се качи на вистинскиот авион. Откако ќе слетате на вашата дестинација, вашиот багаж ќе се истовари од авионот и ќе се префрли на терминалот, а потоа на подвижните ленти за враќање на багажот, каде што ќе можете да го подигнете“, објаснија од Alternative Airlines.

Не знам што очекував, но знам дека очекував повеќе. Сакав повеќе драма! Толку шокантно и откривачко! Ова требаше да беше многу позабавна авантура!“, гласел еден од коментарите под видеото на момчето, а некои корисници на социјалната мрежа Тик Ток дури се прашуваа дали е воопшто легално да се стави камера на куферот и да се снима процесот на обработка на багажот.