‘ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ’ – Популарноста на Џо Бајден е на најниско ниво досега: Американците особено му замеруваат поради една работа !?

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, го поддржуваат 40 отсто од гласачите, што е речиси најниско во неговиот мандат досега, а Американците се незадоволни од неговиот пристап кон имиграцијата и инфлацијата, покажува новото истражување на медиумската агенција Reuters.

Анкетата покажала благ пораст на популарноста на Џо Бајден во споредба со месец април, кога 39 отсто од испитаниците ги поддржуваа неговите потези.

Економијата и понатаму е најважното прашање за американските гласачи во време на висока инфлација и напорите на централната банка да се спротивстави на цените преку зголемување на каматните стапки, што ги поскапи недвижностите и кредитите за автомобили.

Во четврток истекуваат прописите кои важеа во времето на пандемијата со вирусот Ковид-19, со кои се ограничува влезот на потенцијални баратели на азил во САД, а овој факт е извор на дополнителна загриженост за американските гласачи.

Според анкетата, 54 проценти од испитаниците – вклучувајќи 77 проценти од републиканците и 34 проценти од демократите – се противат на зголемување на бројот на имигранти на кои ќе им биде дозволен влез во САД.

Пентагон објави во мај дека администрацијата на Џо Бајден привремено ќе испрати 1.500 дополнителни војници за да помогне во обезбедувањето на границата кога ќе бидат укинати ограничувањата за време на пандемијата. Оваа одлука исто така не им се допаднала на повеќето од испитаниците во анкетата.

Џо Бајден сака да се кандидира за втор мандат следната година и имиграцијата ќе биде важно прашање во таа кампања. Републиканците го обвинуваат Џо Бајден дека е премногу мек кон имиграцијата, но неговата администрација сега одлучи да испрати дополнителни војници за да помогне во обезбедувањето на границата.

Републиканецот со најголема веројатност да ја добие претседателската номинација на партијата е поранешниот претседател Доналд Трамп, го стави ограничувањето на илегалната имиграција во центарот на својата политика.