Здравко Чолиќ морал да го ‘прекине’ концертот, го гаѓале со градник

Како што најавил пред концертот, Здравко Чолиќ (71) во саботата го „запалил“ Задар. Во распродадената спортска сала во Задар, повеќе од три часа траело неговото музичко патување во кое извел дури 46 песни. Тоа е неговиот најдолг концерт кој го памети затоа што публиката, скандирајќи и навивајќи, буквално не му дозволила да се симне од сцената.

Чола добил од првите редови рози и многу други цвеќиња, а кога во еден момент во главата му долетал градник од една огнена дама, морал накратко да ја прекине песната – поради смеење.

Чола го најавил и одржал овој концерт по повод Денот на жената. Во публиката имало мајки, ќерки, баби, дури три семејни генерации кои уживале во безвременските хитови на својот идол, а атмосферата била особено трогателна при изведбата на безвременските балади како „Једна зима са Кристином“, кога многу обожавателки на Чола и заплакале.