ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА Е ПРЕД ТОТАЛЕН КОЛАПС – Поради не соодветни услови загинале повеќе од 9.000 Палестинците
Генералниот директор на прес-службата на Владата во Појасот Газа, Исмаил ал Тавабта, денеска изјави дека повеќе од 9.000 луѓе починале бидејќи не можеле да имаат соодветен третман.
Тој за медиумите изјави дека оваа бројка најверојатно ќе се зголеми бидејќи здравствените установи во Појасот Газа се затвораат.
Палестински функционер изјави дека во Појасот Газа 23 болници се нефункционални поради израелските бомбардирања, а здравствениот сектор влезе во последната фаза на целосен колапс.
Медицинската помош што пристигнува покрива само два отсто од потребите на здравствениот сектор и тој повика на помош од 1.000 камиони дневно, натоварени со гориво, да влезат во енклавата.