Здравствените институции во Македонија ќе работат без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Министерството за здравство во Македонија информира дека одлуката дека 29 и 30 ноември се неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, не важи за вработените во здравствените установи.

Од Министерството за здравство велат дека здравствената заштита ќе се обезбедува континуирано и непречено на сите пациенти како и досега, а нема да влијае на давањето здравствена заштита на населението.

„Поради одржувањето на овој значаен министерски состанок, од медицинските установи се бара да имаат медицински тимови на готовност и друг медицински персонал со потребните простори и опрема за давање медицинска помош, со што тие се во состојба на подготвеност со своите капацитети.

Правните лица со здравствена дејност лоцирани во Скопје се должни мерката прва помош да ја вршат согласно стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување“, велат од Министерството за здравство.

Велат и дека триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде покриен 24 часа со присуство на екипи за итна медицинска помош.