Ковачевски: Државна помош ќе добијат околу 105.000 ученици и 15.000 студенти

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција најави дека од новиот антикризен пакет корист ќе имаат околу 105.000 ученици и 15.000 студенти, пренесува Телеграф Македонија.

„За антикризната мерка против студентите се издвоени вкупно 14,3 милиони евра. Основците, од семејства со лоши финансиски услови, во следните 6 месеци ќе добиваат од 1.200 денари, додека оние од средните училишта од 1.800 денари“, нагласи Ковачевски.

Премиерот рече дека во овој пакет мерки имаме обезбедено приходи за зголемување на стандардот на студентите

Ковачевски најави и дека од овие мерки ќе бидат субвенционирани 15.000 студенти кои живеат надвор од градот каде што учат и дека ќе добијат ваучери за превоз.

Студентите во наредните 7 месеци ќе добиваат месечни ваучери во износ од 600 до 1.200 денари за што се планирани 2 милиони евра“, додаде Ковачевски.