Регионалниот пат Велес – Градско затворен за сообраќај од 08 до 16 часот

Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско ќе биде затворена за сообраќај до 3 февруари во периодот од 08:00 – 16:30 часот, сопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.