Васко Ковачевски: Природниот гас за електрани во текот на март ќе се купува по цена од 60,10 евра

АД ЕМВ донесе одлука за избор на снабдувач за месец март за потребите на електраните Ист Вест Енерџи Скопје Север. Природниот гас ќе се купува по цена од 60,10 евра, додека снабдувач ќе биде Макпетрол.

Пријавени се три компании, избран е Макпетрол бидејќи понудил најниска цена од 60,10 евра, рече на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.