Поранешното момче на Цеца беше во брак со девојката на Саша Ковачевиќ: Со неа има и ќерка, а еве во каков однос се (ФОТО)

Богдан Срејовиќ, кој на јавноста и’ стана познат по врската со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, веќе некое време ужива во врската со поранешната реалити ТВ учесничка и модел Јована Љубисављевиќ.

Инаку, Богдан Срејовиќ ја има ќерката Искра, со која е многу приврзан, а беше во брак со Зоран Тасовац, сегашната девојка на пејачот Саша Ковачевиќ.

Саша Ковачевиќ

Богдан и Зорана се разведоа пред неколку години. Тие денес одлично се сложуваат, а често се гледаат, најмногу поради нивната наследничка.

– Богдан и неговата поранешна сопруга се одлични пријатели. Многу се почитуваат, а нејзиниот сегашен партнер Саша сака да поминува време со него на заеднички собири. Секогаш кога се заедно има многу смеа – истакна во една прилика извор на „Блиц“.

За потсетување, Богдан Срејовиќ стана фокус на јавниот интерес благодарение на Цеца Ражнатовиќ со која беше во емотивна врска. Најпрвин сите велеа дека Цеца блеска покрај Богдан како никогаш досега, заедно оделе на јавни места и семејни дружења, но ставиле крај на емотивната врска и изјавиле дека одлуката за раскинување ја донеле спогодбено и дека ќе бидат пријатели за цел живот.