Шолц: Единствен начин за мир меѓу Израел и Палестинците е решение со две држави

– Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека единствен начин за мир меѓу Израел и Палестинците е „решение со две држави преку преговори“.

„Трајната безбедност за идните генерации на израелскиот народ лежи во решението со Палестинците, а не против нив. Ова значи дводржавно решение со преговори“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ал-Кудс/Ерусалим.

Во врска со хуманитарната ситуација во Појасот Газа поради војната, тој рече:

„Луѓето во Газа не може да се остават да гладуваат.“

Говорејќи за испораката на хуманитарна помош, германскиот канцелар рече дека е потребно континуирано и сигурно обезбедување на многу повеќе хуманитарна помош.

Шолц повика на реформи и зајакнување на палестинската управа, наведувајќи дека и Појасот Газа и Западниот Брег ѝ „припаѓаат на администрацијата на палестинската управа“.

Израел започна напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас и оттогаш се убиени најмалку 31.645 Палестинци, главно жени и деца, а 73.676 се повредени.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите во Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.