Драма за време на авионскиот лет! Патник се обидел да се самоубие во тоалетот, пилотот морал принудно да слета: Стјуардесите наишле на страшна сцена

Пилотот на авионот принудно слетал откако патник наводно се обидел да се самоубие за време на летот!

Патувањето од Бангкок до Лондон заврши драматично во петокот, откако стјуардесите наидоа на страшна сцена. Наводно, патникот бил пронајден во тоалетот во моментот кога се обидувал да стави крај на својот живот.

Британскиот таблоид Сан наведува дека на помош на патникот дошле стјуардесите и докторот кој бил тука на работа. На мажот му била укажана прва помош по слетувањето и итно бил пренесен во болница на понатамошно лекување.

ЕВА потврди дека инцидентот се случил на летот БР67 Бангкок-Лондон.

Не е познато на кој аеродром во Лондон слетал авионот.

Поранешната стјуардеса Лиза Хјуз, да потсетиме, неодамна откри каква е процедурата доколку некој умре за време на лет.