Орбан освои победа вредна 10 милиони долари: Брисел попушти, ова е новата одлука на ЕУ

Европската комисија (ЕК) одмрзна 10,2 милијарди евра од кохезионите фондови на Унгарија, откако оцени дека Будимпешта презела мерки за решавање на прашањето за независноста на судството.

– По темелна анализа, Комисијата смета дека Унгарија ги презела мерките на кои се обврзала во однос на независноста на судството. Тоа значи дека финансирањето во областа на кохезионата политика повеќе не е блокирано и затоа Унгарија би можела да почне да бара исплата од околу 10,2 милијарди евра – објави извршното тело на ЕУ.

Сè уште се замрзнати 6,3 милијарди евра од кохезиониот фонд поради прекршување на владеењето на правото во областа на јавните набавки, обвинителството, судирот на интереси, борбата против корупцијата и фондацијата.

Средствата од механизмот за опоравување и отпорност од околу 10,4 милијарди евра остануваат недостапни за Унгарија, од кои дел се грантови, а дел поволни заеми. Овие средства се исплаќаат во фази во согласност со спроведувањето на реформите наведени во националните планови за закрепнување и отпорност.

Одлуката на ЕУ доаѓа во време кога унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува со вето на клучните одлуки на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и ревизија на седумгодишниот буџет.