Итно е опериран Чедо Јовановиќ! Лекарите пресекоа: Не смее да се чека интервенција во странство

Лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ утрово е опериран во Ургентниот центар во Белград. Иако првичниот план беше операцијата на коленото да се изврши за неколку месеци во странство, лекарите оценија дека не треба да се чека.

Десното колено на Јовановиќ е оперирано по осми пат, а операцијата е извршена на ортопедија на Ургентниот центар. Чеда Јовановиќ ја потврди оваа вест.

– Направив операција и сè помина како што треба. Благодарен сум на сите лекари за нивната стручност и посветеност – изјави кратко Јовановиќ.

По опоравувањето ќе следи терапија, а после тоа најверојатно уште една операција.

– Треба да останам неколку дена во болница, сè уште не знам точно колку долго – вели Јовановиќ, кому треба да му се вгради вештачки зглоб.

По операција од ваков тип, пациентот треба да се потпре на оперираната нога, со помош на патерици, по најмногу четири дена.

Јовановиќ осум пати го оперира десното и шест пати левото колено и сето тоа поради спортски повреди.