ЗДРАВ РЕЦЕПТ ЗА ПАЛАЧИНКИ: Имаат вкус како оригиналните, а во нив нема ни БРАШНО ни ШЕЌЕР, евтини се и многу вкусни

Палачинките се омилен појадок или вечера на сите, а понекогаш и вкусна ужина помеѓу оброците.

Ова слатко или солено задоволство го сакаат сите, и млади и стари. Палачинките се чест гостин на трпезата на речиси секое семејство, а можете да ги надополните со грст различни прилози.

Наместо брашно, користете здрава и евтина храна, благодарение на која нема да бидете виновни доколку изедете повеќе отколку што сте планирале.

Често ги избегнуваме поради пченичното бело брашно и шеќерот. Меѓутоа, ако користите добро мелена овесна каша наместо брашно , ќе имате вкусен и здрав оброк за паметење!

Премачкајте ги со филот по желба и уживајте во секој залак, а сигурни сме дека често ќе ги правите.

Состојки: (за 10 палачинки)

  • 200 грама мелен овес – овесна каша
  • 35 грама густин
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 јајца
  • 360 мл млеко (ако правите посни палачинки, можете да користите растително млеко)
  • 360 ml вода

Подготовка:

Убаво изматете две јајца и во нив додадете мелена овесна каша . Кога убаво ќе измешате, додадете го згуснувачот, повторно измешајте.

Постепено додавајте млеко и вода и мешајте додека не добиете мазно тесто. Оставете го да отстои во фрижидер 30 минути, за да впие повеќе течност.

Загрејте ја лесно подмачканата тава на средна топлина, а потоа истурете го тестото со мала лажичка, вртејќи ја тавата за да се распореди рамномерно.

Пржете минута-две, па свртете и пржете уште 30 секунди. Пополнете по желба, уживајте!