Здружената албанска опозиција со осуда за притисокот врз судиите од Врховниот суд: “ДУИ и СДСМ продолжуваат да ги нарушуваат сите демократски вредности“

Изјавата на претседателката на Врховниот Суд, Беса Адеми, дека притисоците врз судиите е пракса, колку е вистинита, толку е и болна. Ова е нешто повеќе од релевантен доказ за нашата загриженост, за која постојано го креваме гласот.

Сега е јасно кој врши притисок врз судството и зошто го прави тоа. ДУИ и СДСМ продолжуваат да ги нарушуваат сите демократски вредности, институционалната независност, интегритетот на судиите и воопшто на правосудниот систем, со присила врз нив, за да го вратат Груевски и да му го спасат животот, како и на неговите криминалци, сето тоа во корист на изборните калкулации за следните парламентарни избори. Затоа, ја поздравуваме оваа изјава, која ќе помогне уште еднаш да се разобличи ДУИ и нејзиниот кредибилитет што недостасува, како и да докаже дека ја изгубила и ја губи поддршката и политичкото влијание.

Ние – здружената албанската опозиција – ги осудуваме  овие неопрстливи постапки, затоа цврсто ги поддржуваме судиите во Врховниот суд. Воедно ги повикуваме да пружат отпор, да не станат плен на нивните уцени и закани и да постапуваат врз основа на правни акти и норми.

Никој не сме да се охрабри на овој начин да ја наруши независноста на судството, а уште помалку самата правда, додека оние кои го прават тоа мора да добијат соодветна казна. Сепак, најголемата казна ќе биде на изборите од кои не делат само неколку месеци.

СООПШТЕНИЕ:

  • Алтернатива
  • Движење БЕСА
  • Демократско Движење