Денес, Скопје беше обоено со љубов, солидарност и хуманост! Над 2.000 учесници трчаа во рамките на хуманитарната трка „ЗЕГИН Спектратон“, организирана од компанијата ЗЕГИН и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, со цел поддршка на лицата со аутизам и атипичен развој.
Трката понуди различни категории: 5 км, 10 км, штафетна трка, како и детски трки, овозможувајќи учество за сите возрасти и нивоа на подготовка.
Овој настан не само што промовираше физичка активност, туку и ја истакна важноста на инклузијата и поддршката за лицата со аутизам. Преку вакви иницијативи, заедно градиме поинклузивно и хумано општество.
Од трката биле собрани 18.000 евра, а компанијата Зегин дополнително ќе донира околу 40.000 евра, со што вкупниот буџет за поддршка изнесува околу 60.000 евра.
Средствата се наменети за четири организации/установи, кои работат со оваа целна група:
-Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација. Оваа организација ќе добие апарат за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини.
-Клиниката за детски болести. Конкретно, средствата се наменети за реновирање и докомплетирање на просториите за одделот за патофизиологија, каде што се наоѓаат децата со аутизам.
-Здружението Рубико од Кочани. Тие ќе добијат средства за сензорна соба. Здружението нуди логопедска, дефектолошка, педагошка и психолошка поддршка на децата со аутизам.
-Здружението Сина Светулка. Поддршката е наменета за нивната програма за рана проценка на нарушувањето од аутистичниот спектар.
Во видеото се изразува голема благодарност до сите компании и лица кои ја поддржале трката, како и до организаторите. Се нагласува дека хуманоста кога ќе се обедини, прави вистински промени и овие средства одат на вистинско место, носејќи надеж.
Исто така, се споменува и здружението “Во мојот свет”, кое ја доби поддршка минатата година. На крајот, се најавува прогласувањето на победниците на трките на 150, 300 и 500 метри.
Годинешниот победник на трката на 10км е жена од соседна Бугарија.

На самиот настан присутен беше и сопственикот на Зегин, Благој Механџиски, заедно со својата фамилија. Новинарот го праша како е задоволен од трката која се организира втора година по ред, а и времето се смилува, престана дождот, на што господинот Механџиски му одговори: „Кога ние сме со Господ и Господ е со нас. Оваа година е помасовно, поорганизирано, порекламирано и прифатено од народот и од вработените. Поздрав до сите, особено до организаторите, најпрво вработените, гостите од овде и од соседните земји и се надевам наредната година ќе биде уште помасовно бидејќи аутизмот како состојба зема се поголеми размери. Затоа е овој повик до сите да им помогнеме кога им е најтешко.“
Дел од учесниците во трката изјавија дека Аеродром никогаш не бил поубав.
Фамилијата Механџиски го искористи настанот и за фамилијарно дружење и фотографирање: „Одиме семејно, семејно, семејно, семејна слика за организаторите. Ова е семејна аптека.“ Додека траеше семејното фотографирање, Викторија Механџиска даде кратка но моќна порака: „Една порака до сите кои учествуваат годинава да продолжиме да бидеме колку што е можно похумани бидејќи македонскиот народ знае тоа да го покаже, а го покажа и денес на оваа трка.

