Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска е во посета на Вашингтон, каде што се очекува да се сретне со претседателот Џо Бајден, повика на создавање европски воен центар во Украина. Во објава на социјалните мрежи Зеленски истакна дека на средбата со лидерите на американските одбранбени компании презентирал предлог за формирање на европски одбранбен центар во неговата земја што ќе го забрза и зголеми производството на воена опрема и муниција. Изрази и благодарност до секој американски работник кој произведува оружје што им помага на Украинците да ја заштитат својата земја.
Украинскиот претседател при посетата на САД се очекува да оствари средби со американските сенатори, со претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и со американскиот претседател Џо Бајден.