Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ќе го посети Рим, каде се предвидени средби со италијанските политичари, а најверојатно ќе се сретне и со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Неименуван италијански претставник потврди дека Зеленски ќе се сретне со претседателот на Италија, Серџо Матарела и со премиерката Џорџа Мелони, која во февруари го посети Киев.
Извор близок до Ватикан истакна дека е можна средбата на папата со Зеленски. Папата Франциск во април го прими украинскиот премиер Денис Шмигал.
Зеленски од Рим ќе отпатува за Германија, каде ќе се сретне со канцеларот Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.
Претседателот на Украина утре во Ахен ќе ја прими наградата Карло Велики за придонес за европското единство