Зеленски го назначи Рјабикин за амбасадор во Пекинг

 – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска назначи нов амбасадор во Пекинг по неговиот прв разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг по инвазијата на Москва врз неговата земја.

Павел Рјабикин, кој претходно го предводеше Министерството за стратешки индустрии на Украина, е именуван за нов амбасадор на Киев во Кина, според декретот на веб-страницата на претседателството. Украина нема амбасадор во Кина од февруари 2021 година.