СЗО: Поради конфликтот, затворени се над 60 отсто од здравствените установи во главниот град на Судан

 – Повеќе од 60 отсто од здравствените установи во Картум се затворени поради конфликтот во Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација.

„Во главниот град Картум, 61 отсто од здравствените установи се затворени“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција од седиштето на здравствената агенција на ОН во Женева.

Според него, само 16 отсто од здраветсвените установи работат нормално.