Русија сака да протера 10 дипломати од норвешката амбасада во Москва

 – Русија одлучи да протера 10 дипломати од амбасадата на Норвешка во Москва и побара од нив да ја напуштат земјата што е можно поскоро, соопшти норвешкото Министерство за надворешни работи.

Одлуката на Москва уследи по протерувањето на Норвешка на 13 април на 15 претставници на руската амбасада во Осло, за кои норвешката влада вели дека работеле за разузнавањето под маската на дипломатски позиции.

„Денеска нашиот амбасадор беше информиран од руското МНР дека 10 наши дипломати во Москва се прогласени за непожелни“, се вели во соопштението на норвешкото министерство.

„Руските власти тврдат дека ова е одговор на одлуката на Норвешка“, се додава во соопштението.