Полицијата ги пронашла Кристин и Душан во локви крв: Србин ѝ пресудил на поранешната сопруга, па се обидел да се самоубие! Страшно злосторство! (фото)

Србинот Душан Ракиќ (50) е обвинет дека во вторникот ја убил својата поранешна сопруга Кристин Ракиќ (53) во куќа во Рут Хил, Сиднеј. Како што објавија австралиските медиуми, кога полицијата упаднала во куќата во која некогаш живееле заедно, ги нашла и Кристина и Душан во локви крв.

-Семејството на убиената алармирало полиција бидејќи таа не одговарала на нивните повици.

Кога полицајците упаднале во куќата во вторникот околу 20 часот и 15 минути, ја затекнале Кристин на која не можело да и’ помогне и тешко повредениот Душан Ракиќ, кој е осомничен дека се обидел да си пресуди по делото – пренесуваат тамошните медиумите.

Ракиќ, велат, имал повреди на вратот и рацете. – Тој е префрлен во болницата Вестмид во критична состојба и под полициска придружба – изјавија тие.

Шефот на полицијата на Нов Јужен Велс, Стив Егинтон, потврди дека Ракиќ и претходно и’ бил познат на полицијата и дека бил опериран откако бил приведен.

– Осомничениот Душан Ракиќ денеска преку видео врска од болничкиот кревет присуствуваше на судењето, бидејќи беше обвинет за убиство, семејно насилство и непочитување на кауцијата. Тој ќе биде префрлен во затвор кога ќе излезе од болница – јавуваат австралиските медиуми.