Наскоро ќе стапи на сила забраната за електронски цигари за еднократна употреба

Француската премиерка Елизабет Борн најави дека електронските цигари за еднократна употреба наскоро ќе бидат забранети во земјата како дел од националниот план против пушењето.

Елизабет Борн изјави за радио РТЛ дека владата наскоро ќе го претстави својот нов план за борба против пушењето, но не и кога забраната ќе стапи на сила.

Повеќето компании кои произведуваат е-цигари за еднократна употреба нудат широк спектар на овошни и слатки вкусови, што ги прави привлечни за младите луѓе.

Не се почитува постоечката забрана за продажба на вакви цигари на лица помлади од 18 години. Промоција или рекламирање на такви производи е исто така забрането.

Францускиот премиер рече дека пушењето е одговорно за 75.000 смртни случаи годишно во земјата и дека забраната за е-цигари за еднократна употреба ќе ги спречи младите да ја стекнат оваа лоша навика.

„Тоа е рефлекс и гест на кој се навикнуваат младите. Тоа е чекор до почетокот на активното пушење“, додаде таа.